Thursday, December 10, 2009

Kade moze da najdete primeri za eksternite testovi?

Примери за прашањата за екстерното оценување можете да најдете доколку се вклучите на страницата www.bro.gov.mk и потоа кликнете на ПРИМЕРИ ЗА ПРАШАЊА ЗА ЕКСТЕРНО ОЦЕНУВАЊЕ и потоа одберете дали сакате тестови за гимназиско или основно образование и потоа ќе можете да ги симнете примерите за тестови по предметите: Музичка уметност, Албански јазик, Англиски јазик, Биологија, Физика, Француски јазик, Географија, Германски јазик, Информатика, Македонски јазик и литература, Руски јазик, Математика, Мир, толеранција и заштите и Психологија.

Sunday, November 8, 2009

Eksterno ocenuvanje: Da ili Ne?

Спроведувањето на проектот за екстерно оценување започна во учебната 2008/2009 год. Целта на екстерното оценување беше да се споредт оценнките кои што учениците ги добиле од професорите и оценките коишто учениците ќе ги добијат на тестовите од екстерното оценување. Но, проектот за екстерно оценување беше проследен со могубројни протести од страна на учениците!

Екстерното оценување требаше да се спроведе на крајот од учебната годината. На учениците кои на екстерните тестови ќе добијат две оценки пониски од онаа која им ја ставил наставникот, ќе им се намали крајната оценка.

Наставниците пак, чии ученици ќе покажат послаби резултати ќе бидат казнети со намалување на платата, а можат да заработат дури и отказ.

Мината година екстерното оценување делумно се спроведе во дел од училиштата во Македонија, но резултатите беа поништени.

Ни преостанува да видиме што ќе се случи со екстерното оценување оваа година и дали годинава проектот за екстерно оценување ќе успее!!